Ивановска: Дискрециското право е извор на корупција
„Дискрециското право е извор на корупција“ – вели претседателката на антикорупциска Ивановска за можноста министри да даваат предвремено полагање правосудни испити, а тоа во законот не постои. Истражувањата покажуваат дека младите бегаат од државата поради политички влијанија, нефункционирање на системот и неказнивост...

Правосудниот испит на синот на претседателот на Собранието, продолжува да ја бранува јавноста. Од антикорупција обелоденуваат дека универзитетот каде што завршил за 4 години има издадено 449 уверенија за тригодишно образование со степен 7/1 што несоодветствува. Претседателката на антикорупциска реагира што поранешните министри имале дискрециско право да даваат некому предвремено полагање на правосуден испит, што никаде во законот не постои. Во законот стоело дека следува казна доколку му се дозволи на некој да полага предвремено.
Младите бегаат од државата поради политички влијанија, нефункционирање на системот, неказнивост. Истражувањето покажало дека една третина од граѓаните биле дел од некое коруптивно однесување.
И младите сметаат дека најприсутно е коруптивно однесување, односно влијанието меѓу роднински и пријателски односи, како и вршење услуги и давање поткуп, покажало истражувањето.
Наташа Ј. Менковски
