Ковачевски и Тупанчевски со апел до Црвенковска да ги пријави притисоците
„Павлина Црвенковска да ги пријави во институциите квалификациите за постоење политички или деловни притисоци и влијанија“ вели премиерот Димитар Ковачевски за причините за оставката кои ги соопшти претседателката на Судскиот совет. На иста адреса упатува и министерот за правда Тупанчевски, за кого коментарите се загрижувачки...

На претседателката на Судскиот совет која си даде оставка и изнесе квалификации за политичко – деловни притисоци и стојат на располагање сите државни институции за ова да го пријави. Став на премиерот Димитар Ковачевски за оставката на Павлина Црвенковска. Додава и дека Владата ги исполнува сите свои обврски за независно судство и обвинителство.
На иста линија е и министерот за правда Тупанчевски. На отворање на најголемата судница во земјава, лоцирана до затворот Идризово, рече дека Црвенковска изнела загрижувачки коментар и добро ќе биде истото да го пријави во надлежните институции. Додава и дека ова ќе биде турбулентна изборна година во правосудниот сектор со ефекти во следните четири години.
Во оставката, претседателката на Судскиот совет Црвенковска тврди дека веднаш по нејзиниот избор почнала медиумска хајка која трае до денес, со цел да даде оставка, бидејќи нејзиниот избор не одговарал на како што вели – група од судската бизнис елита.
Марија Котовска
