Ѓорчев: Македонија е во сигурни раце

27.04.2014 22:36

Драги наши граѓани во земјата и светот, она што можеме сега да го кажеме е следното – татковината е во сигурни раце. Никола Груевски останува премиер на Македонија. Ѓорге Иванов останува претседател на Македонија, изјави Влатко Ѓорчев на прес конференцијата која сеуште е во тек од изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ.

Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните како и да е. Во овие неколку денови и недели граѓаните на Македонија го дадоа одговорот за двата понудени концепти, концептот на проекти, на стабилност, а од друга страна сосема друг концепт на нашите политички противници. Стигна одговорот на граѓаните. Од сите општини на Македонија, села и градови- победа на Коалицијата за подобра Македонија, изјави Ѓорчев.