Заврши изградбата на гасоводната делница Неготино-Кавадарци-Битола
Вредноста на инвестицијата е 36 милиони евра. Од власта велат дека се исполнува планот за гасификација на државата. Очекувањата се кон средината на следната година да има одобрение за употреба и наредната зима да има приклучоци…

Слаба е искористеноста на природниот гас во Македонија, може да го користат само индустриските капацитети од Скопје, Куманово и Крива Паланка. Таа беше 10-15 отсто, порасна до една третина, со изградбата на топланата Те-То. Денес беше извршено спојување на магистралниот гасовод на делницата Неготино – Битола во должина од 92 километри, со што во иднина поголем број корисници во Македонија ќе можат да користат природен гас.
Македонија се снабдува со природен гас кој се дистрибуира од соседна Бугарија, а доаѓа од Азербејџан. Затоа е потребна и неопходна диверзификација во снабдувањето. Се најавува дека од средината на следната година ќе започне изградба на интерконективен гасовод со Грција, па земјава ќе има два извори на природен гас.
Вредноста на овој проект кој го поврзува централниот дел од државата со Пелагонискиот регион изнесува преку 36 милиони евра и претставува една од најзначајните капитални инвестиции.
Во тек е постапка на избор на приватен партнер за дистрибутивна мрежа на природен гас, која треба да заврши во првата половина на следната година.
Петар Печков
