ДИК: Процесирани 70,52% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ и Иванов во убедливо водство

27.04.2014 23:16

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 296.088 (42,89%) гласови, додека СДСМ досега има освоено 164.148 (23,78%) гласови...

Според последните податоци од интернет страницата на Државната изборна комисија, од процесирани 70,52%, односно 2478 избирачки места од 3.514, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 296.088 (42,89%) гласови, додека СДСМ досега има освоено 164.148 (23,78%) гласови.

До овој момент, според податоците на интернет страницата на ДИК, од процесирани 69,53% од гласачките места, односно 2442 од вкупно 3.512, за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов гласале 322.881(56,55%) гласачи, а за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, 226.357 (39,64%).