Временска прогноза
Облачно со дожд, на планините снег
01.12.2022 08:23
Времето денеска во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми...

Времето денеска во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од два до седум, а максималните од четири до девет степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната до шест степени.
