Министерката Тренчевска ќе присуствува на отворањето на градинка во Крива Паланка
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе присуствува на отворање на градинката „Поточиња“, како дел од ЈУОДГ „Детелинка“ во Општина Крива Паланка...

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе присуствува на отворање на градинката „Поточиња“, како дел од ЈУОДГ „Детелинка“ во Општина Крива Паланка.
– Изградбата на новата градинка е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Целта на овој проект е зголемување на капацитетите за прием на деца во системот на предучилишноо воспитување и згрижување, со што најмладите и нивните родители добиваат нови можности и поголем избор во секојдневниот живот, информираат од Министерството.
Пред присутните, покрај министерката, како што е најавено, ќе се обратат и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и директорката на градинката Мирка Јакимовска.
