САД
Хаким Џефрис – лидер на Демократите во Претставничкиот дом на САД
01.12.2022 09:30
Хаким Џефрис е избран за нов лидер на демократите во Претставничкиот дом на САД, со што стана првиот Афромаериканец на таа позиција во Конгресот...

Хаким Џефрис е избран за нов лидер на демократите во Претставничкиот дом на САД, со што стана првиот Афромаериканец на таа позиција во Конгресот.
52-годишниот политичар од Њујорк ќе ја преземе функцијата на трети јануари кога почнува со работа 118-от состав на Конгресот. Неговата претходничка Ненси Пелоси поднесе оставка.
Таа беше првата жена на чело на Претставничкиот дом.
