Мерки

Нови субјекти со повластена цена на струја

01.12.2022 10:10

Компаниите од прехранбената индустрија, јавни водоводни комунални претпријатија и училишта, над 500 субјекти од денеска ќе се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ Продажба“. Поволноста ќе ја користат до крајот на април...

Компаниите од прехранбената индустрија, јавни водоводни комунални претпријатија и училишта, над 500 субјекти од денеска ќе се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ Продажба“. Поволноста ќе ја користат до крајот на април.

Граѓаните очекуваат по низата најави за 10 насто да поевтинат цените на масло за јадење, леб, брашно, млеко, месото и нивните преработки.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на трговците дали ја почитуваат мерката за намалување на цените на основните производи.