Трајанов: Изборите се одвиваа во скандинавски стил
27.04.2014 23:33
Политичката партија Демократски Сојуз, дел од коалицијата „За подобра Македонија“ денешните избори ги оценува како фер и демократски.
Претседателот на партијата, Павле Трајанов, истакнма дека денес имавме мирни избори, а цел ден немаше кршење на изборна регулатива.
Граѓаните на демократски начин и тајно гласање ја искажаа сопствената волја.

Сите партии имавме можност да се сретнеме со граѓаните, на непосредни средби, митинзи, имавме јавно претставување. Граѓаните имаа можност да се запознаат со кандидатите за пратеници и претседател, како и со програмите на политичките партии.Без разлика какви се резултатите, сите партии треба да ја респектираат волјата на граѓаните. На слободни, демократски и тајни избори тие имаа можност да се изјаснат, а ние треба да ги признаеме тие избори, рече Трајанов.