Скопје

Приватните превозници утре повторно на протест

01.12.2022 13:20

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски...

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.

Колку ќе трае блокадата не се знае,автобусите може да останат паркирани и за време на викендот. Се зависи од договорот, ги бараат парите, коишто велат им ги должи Јавното сообраќајно претпријатие.

Првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се пожали дека се изложени на клевети и невистини и негираше дека нелегално работеле. Според него Јавното сообраќајно претпријатие не може да го пополни вакумот настанат поради нивниот штрајк.