Здравство

Јавното здравство во внатрешноста се соочува со недостиг на специјалисти

01.12.2022 13:59

Болницата во Кочани нема инфектолози. Во велешката болница нема специјалист за кожни болести и за уво нос и грло. Цели региони од внатрешноста се без кардиолози и гинеколози. Сериозен одлив на стручен кадар очекува и штипската болница...

Штипската клиничка болница се соочува со недостиг на кадар. За две ипол години 70 вработени од кои 20 лекари, по разни основи ја напуштиле болницата, па така од 550 вработени пред неколку години, сега во болницата работат 470 лица. Голем одлив на високо стручен кадар болницата очекува на почетокот на идната година, кога во Штип ќе се отвори приватна гинеколошко-акушерска болница.

Со недостиг на стручен кадар, посебно специјалисти, се соочуваат скоро сите Јавни здравствени установи во внатрешноста.

Здружението на приватни доктори се залага за законски измени кои ќе ги мотивираат младите специјалисти да работат во болниците надвор од Скопје, каде остануваат најголем дел од специјализантите од цела држава.

Славица Величковска