Мерки

Субвенционираната струја надеж за поевтинување на производите

01.12.2022 14:30

Компании од прехранбената индустрија, јавни водоводни комунални претпријатија и училишта, над 500 субјекти од денеска се снабдува со електрична енергија по повластена цена преку „ЕСМ Продажба“. Се очекува по низата најави да поевтинат основните продукти. Производителите сè уште воздржани, намалувањето на цените нема да се случи веднаш туку етапно...

Дел од прехранбената индустрија веќе добива повластена цена на струјата, граѓаните очекуваат поевтини производи, дел паднаа, но ги нема очекуваните ценовни разлики на рафтовите во маркетите.

Намалувањето на цените нема да се случи веднаш туку етапно – велат производителите и трговците. Зејтинот веќе поевтини, се чека и лебот, но дел од компаниите реагираат дека сè уште го чекаат приклучот кон системот на „ЕСМ Продажба“ што треба да им ја поевтини струјата.

За производителите на зејтин, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи и месната индустрија ќе плаќаат по 80 евра за мегаватчас според владината одлука.

Се очекува засилени контроли од Државниот пазарен инспекторат, а се апелира и до граѓаните доколу забележат нерегуларности кај трговците да ги пријават.

Ана Ј. Тодоровска