Симулација на мандати: ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници, СДСМ со 34

27.04.2014 23:59

ВМРО-ДПМНЕ може да освои 7 места повеќе од последниот пратенички состав, додека пак СДСМ 8 помалку ...

Според симулацијата на аналитичкиот центар на МРТ направена во новото виртуелно студио, според бројките од последните проценки на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ќе освои 60 пратенички места, плус три од дијаспората. Тоа се 7 места повеќе од последниот пратенички состав. СДСМ пак би имал 34 пратеника или 8 помалку од бројот на пратеници што го имаше досега.

Еве како би изгледале конечните резултати:

ВМРО-ДПМНЕ -60 пратеници + 3 од дијаспората

СДСМ - 34 пратеници

ДУИ -19 пратеници

ДПА- 6 пратеници

НДП- 1 пратеник

 

Од друга страна, според симулација на ДИК, како што известува репортерот на МРТ, мандатите би изгледале вака:

ВМРО-ДПМНЕ- 58 пратеници

СДСМ- 31 пратеник

ДУИ- 20 пратеници

ДПА- 8 пратеници

ГРОМ- 2 пратеници

НДП-1 пратник