Куманово: Еден нов случај на ХИВ, превенцијата неопходна
Од почетокот на годината во Куманово е регистрирано едно лице новоинфицирано со ХИВ вирусот. Со инфекцијата, но и болеста СИДА во оваа општина живеат 23 лица, повеќето мажи. Епидемиолозите со став животот на овие лица може да продолжи со редовна терапија. Но, велат раното откривање на инфекцијата е значајно. 1-ви декември се одбележува како Светски ден за борба против ова заболување...

Едно лице е регистрирано како новоинфицирано со ХИВ вирусот од почетокот на годината во Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје. Вкупно во најголемата општина во земјава од 1987-та година досега се евидентирани 28 случаи на инфицирани, односно заболени од СИДА. Надлежните велат состојбата е стабилна бидејќи и лани било регистирано само едно новоинфицирано лице. Повеќето односно 23 од евидентираните се од машкиот пол. Доминира возрасната група од 35 до 39 години. Досега починале пет лица.
„За нас е многу значајно насочено е кон превенцијата, намалување на дискриминацијата, веќе со оваа инфекција се живее, зголемен е векот на живеење, работноспособноста, и оваа инфекција се смета како хронична болест“, вели д-р Јадранка Стаменковска, епидемилог Центар за јавно здравје Куманово.
Епидемилозите појаснуваат дека тешко оди препознавањето на симптомите за оваа инфекција.
„Како секоја акутна инфективна боелст, температура, малаксаност и самата инфекција е непропознатлива, затоа ние единствена насока што даваме доколку некое лице има ризичен однос или сака да го знае својот ХИВ статус, се чувствува особено оние кои инјектираат дроги, треба почесто да прават тестови“, дополнува Стаменковска.
Центарот располага со доволен број тестови. На месечно ниво во микробиолошката лабораторија се реализираат од 100 до 150 ХИВ тестови. Преку програма предвидени се и едукативни предавање во основните и средни училишта, особено во декември, месецот за борба против ова заболување.
Елена Георгиевска
