Свет

Делумно се намалуваат ковид ограничувањата во Кина

01.12.2022 18:19

Полицијата и натаму патролира по улиците за да спречи протести.

Повеќе кинески градови делумно ги намалија ограничувањата против коронавирусот. Полицијата и натаму патролира по улиците за да спречи протести.

Некои големи градови објавија дека ги ублажуваат задолжителните мерки за тестирање и контрола на движењето. Во некои области, пазарите и автобуските линии се повторно отворени.