Свет

Средба Бајден- Макрон во Белата куќа

01.12.2022 18:25

Американските и француските официјални лица потврдија дека претседателите ќе разговараат и за иранската нуклеарна програма и безбедноста во регионот Сахел во Африка.

Американскиот претседател Бајден е домаќин на францускиот колега Макрон. На врвот на агендата е војната во Украина и односите со Кина. Американските и француските официјални лица потврдија дека претседателите ќе разговараат и за иранската нуклеарна програма и безбедноста во регионот Сахел во Африка.

Претходно Макрон на состанокот со американските законодавци зборуваше за законот на Бајден за намалување на инфлацијата. Францускиот претседател вели дека одредбите кои обезбедуваат субвенции за производи произведени во САД се агресивни кон европските компании.