МВР: Лажни се денешните дојави за бомби
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата на територија на Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.
Во ТВ емисија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето за дојавите за поставени бомби потенцираше дека тоа се хибридни напади кои знаат да бидат поопасни од конвенционалните, а целта е да предизвикуваат несигурност кај граѓаните, страв, паника, нестабилност во институциите.
„Пораките се со заканувачка содржина, дека во тоа и тоа училиште се поставени експлозивни направи. Се трошат и ресурсите на министерството. Најважно е што се предизвикува вознемиреност. Извршени се сите проверки, повторно станува збор за лажни дојави. Истрагата во овој дел е сосема при крај. Се очекуваат потврди на одредени факти и тоа се многу важни детали. Имаме лица кои се осомничени и веднаш со потврдувањето на фактите ќе се дадат насоки од обвинителството. Ова е терористички акт. Која и да е причината која што внесува таков раздор и несигурност кај граѓаните, треба да биде најостро казнета“, потенцираше Спасовски.
Министерот Спасовски дополни дека ние не сме изолиран случај, туку повеќе држави се цел на ваквите напади, кои зачестија после руската агресија врз Украина.
