Непризнавањето на изборниот резултат носи тешки последици за оној кој не го признава исходот

28.04.2014 00:10

Непризнавање на изборен резултат преставува сериозна политичка постапка, која може да има многу тешки последици, пред се за оној кој има направено погрешна проценка и не сака да го признае изборниот исход- констатира аналитичарот и коментатор на BBC од Србија Ѓорѓе Влаиќ.

Непризнавање на изборен резултат преставува сериозна политичка постапка, која може да има многу тешки последици, пред се за оној кој има направено погрешна проценка и не сака да го признае изборниот исход- констатира аналитичарот и коментатор на BBC од Србија Ѓорѓе Влаиќ.

„Во релативно уредени демократски системи, обидите за изборна кражба и непризнавање на изборните резултати-се ризични политички постапки. Доколку изборната кражба биде откриена, тоа ви дава легитимност за непризнавање на изборите. Но, доколку непостои изборна кражба и изборните резултати не се прифаќаат-тоа е всушност признание за сопствената неможност и неспособност да се соочите со изборниот пораз. Ваквиот чин би имал голема негативна политичка конотација за оној кој тоа би го направил, како и негативен политички ефект на подолг рок. Политичарите со ваквите постапки-се преставуваат како неспособни политичари што функционираат во уредено демократско општество, каде изборите не се украдени. Екс-ЈУ просторот е во некоја фаза на предполитичко созревање и она што е битно е тоа што постои меѓународно надгледување на изборниот процес и тоа што голема улога за проценка на изборите има мислењето на меѓународните набљудувачки мисии. Доколку тие констатираат дека изборите се во ред, тогаш е потполно безсмислено да се оспори изборниот резултат, од причина што непостои кредибилен основ за тоа“, вели Ѓорѓе Влаиќ –Директор на Радио Белград.

Сличен став по ова прашање има и аналитичарот Марко Благојевиќ, екперт за изборни анализи и директор на престижниот Центар за слободни избори и демократија-, правејќи паралела со искуствата во Србија.

„Доколку условите во кои се одржуваат изборите-се неприфатливи,бојкотот има смисол. Но, доколку партиите ги бојкотираат изборите само заради тоа што не стојат добро во испитувањата на јавното мнение или доколку немаат апслоутно никакви шанси на изборите, тоа е нешто што граѓаните во принцип можат да го согледаат и што предизвикува нивен негативен став кон таа партија. Замислете си го тенисерот кој во последниот гем, го предава целиот меч-кој  е веќе наголемо изгубен! Треба да се биде многу внимателен. Бојкотот е нешто што партиите треба да го направат само во екстремни услови. Кога апсолутно не е можно да се учествува на изборите под рамноправни услови. Тоа е многу екстремна мерка! Ние имаме едно искуство во Србија во 1997 год. кога носечките опозициони партии решија да прават изборен бојкот. Но, и ден денес може да слушнете од тогашните лидери, како таа одлука е една од најлошите одлуки кои Демократската Странка ги има донесено, да направи бојкот. Она што се случува за време на бојкот е всушност замрзнување на инфраструктурата на одредена партија, во моментот кога таа би требала да биде најактивна. И ние тогаш имавме состојба, да опозицијата ги бојкотира изборите, секако дека не ни можеа да имаат свои преставници во Собранието,што нас не вовлече во една многу лоша состојба која на крај се заврши со НАТО бомбардирањето. Секако, ова не е последица на секој бојкот, но во Србија и од тие партии кои го извршија бојкотот на изборите, може да слушнете како имаат негативно мислење за ова нивна постапка и како сметаат дека тоа била една многу лоша одлука“, вели Марко Благојевиќ-Извршен директор на ЦЕСИД.

Учеството на изборите е најважната работа во едно демократско општество. Мерењето на политичката популарност има смисол и е меродавна само преку изборен процес-констатираат аналитичарите во Србија.

 

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ