Од утрово Скопје делумно блокирано, приватните превозници на протест на Илинденска
Приватните превозници денеска од 6 часот, како што најавија вчера, ја блокираа десната лента на булеварот Илинденска од почетокот на Влада до раскрсницата кај Мида...

Приватните превозници денеска од 6 часот, како што најавија вчера, ја блокираа десната лента на булеварот Илинденска од почетокот на Влада до раскрсницата кај Мида. „Засега не можеме да кажеме до кога автобусите ќе бидат поставени таму. Не знаме дали ќе бидат за време на викендот“, изјавија вчера организаторите на блокадата кои велат доколку не се најде решение е планирано в понеделник да се блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и булеварот Илинденска. Според „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ ЈСП и Град Скопје им должи околу 1,5 милиони евра.
Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.
