САД и Франција бараат одговорност од Москва за воени злосторства извршени во Украина

02.12.2022 09:49

Со иста динамика продолжуваат борбите на источниот украински фронт. Највисоките безбедносни функционери наредија да се почне истрага за активностите на огранокот на православната црква кој е историски поврзан со Москва. Џо Бајден, изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, доколку спротивната страна покаже интерес..

Со иста динамика продолжуваат борбите на источниот украински фронт. Највисоките безбедносни функционери наредија да се почне истрага за активностите на огранокот на православната црква кој е историски поврзан со Москва. Верската институција во мај ги прекина врските со РПЦ, но многу голем дел од народот сè уште верува дека тајно соработува со Русија. Инаку, Православната црква ги поддржува одлуките на Кремљ во однос на Украина.

„Донбас останува линија на одбраната на рускиот свет, а рускиот свет не е само Русија“, порача поглаварот на РПЦ, патријархот Кирил.

„Мора да создадеме услови во кои ниеден актер, кој зависи од државата агресор, не може да манипулира со Украинците и да ја ослабнува Украина одвнатре“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, претседателот на Соединетите Држави, Џо Бајден, изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, доколку спротивната страна покаже интерес и волја за крај на конфликтот. Заедно со својот француски колега Макрон којшто е во посета на Вашингтон, предупредија дека ќе бараат одговорност од Русија за воени злосторства во Украина.