САД
Американскиот суд ја одобри истрагата за запленетите документи на Трамп
02.12.2022 09:53
Тричлениот Судски совет ја поништи претходната судска одлука, да им се забрани на истражителите пристап до повеќето материјали. Меѓу нив има околу 100 означени како „доверливи“...

Американскиот апелациски суд во Атланта, го поништи судското назначување на независен арбитер за проверка на документите кои ФБИ ги заплени од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во Флорида.
Тричлениот Судски совет ја поништи претходната судска одлука, да им се забрани на истражителите пристап до повеќето материјали. Меѓу нив има околу 100 означени како „доверливи“. Портпаролот на Трамп одлуката на судот ја нарече „процедурална“.
