Израел

Нетанјаху постигна коалициски договор со лидерот на крајната десница

02.12.2022 09:58

Десниот блок на Нетанјаху со сојузниците од овие струи, освои мнозинство на парламентарните избори на 1-ви ноември, и се позиционираше пред коалицијата на центристите на Лапид...

Мандатарот за состав на новата израелска влада, Нетанјаху, потпиша договор за коалиција со крајната десница, а потоа ќе ги забрза преговорите со ултраортодоксните партии за новиот кабинет.

Десниот блок на Нетанјаху со сојузниците од овие струи, освои мнозинство на парламентарните избори на 1-ви ноември, и се позиционираше пред коалицијата на центристите на Лапид. Според законот, тој треба да формира влада до 11-ти декември, но има право да бара продолжување од две седмици.