ДИК: Процесирани 87, 51 проценти, ВМРО ДПМНЕ и Иванов во водство

28.04.2014 00:36

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 402.412 (43,32%) гласови, додека СДСМ досега има освоено 229.435 (24,70%)гласови...

Според последните податоци од интернет страницата на Државната изборна комисија, од процесирани 87,51%, односно 3075 избирачки места од 3.514, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 402.412 (43,32%) гласови, додека СДСМ досега има освоено 229.435 (24,70%) гласови.

До овој момент, според податоците на интернет страницата на ДИК, од процесирани 87,81% од гласачките места, односно 3084 од вкупно 3.512, за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов гласале 450.480(55,96%) гласачи, а за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, 325.013 (40,37%).