УКИМ

Џафери и Синдикатот на УКИМ се усогласија

02.12.2022 12:23

Колективниот договор за вработените во УКИМ ќе биде потпишан до крајот на годинава. Постигнат договор меѓу Сојузот на синдикати на универзитетот и одборот за преговори од Собранието...

Финалниот колективен договор ќе биде потпишан најдоцна до 29-ти декември, очекува првиот синдикалец на УКИМ. Задоволен е од исходот по средбата со собранискиот спикер Џафери и определениот помирувач во процесот, и верува дека ќе се излезе во пресрет на нивните барања за нов колективен договор и линеарно зголемување на платите за 25 проценти.

Ристов вели дека договорот ќе ги застапува интересите и на наставниот и на ненаставниот кадар, или вкупно на 2400 вработени, од кои поголемиот дел се професори. И помирувачката гледа позитивни сигнали, иако не откри повеќе детали, бидејќи средбите продолжуваат.

Ристов вели дека доколку не наидат на разбирање кај Владата за барањата за зголемување на платите за 25%, уверен е дека претседателот на Собранието Џафери ќе го потпише колективниот договор, бидејќи Законодавниот дом е основач на Универзитетот.

Александра Спировска