МВР
Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка
02.12.2022 12:50
Упатена закана за поставена експлозивна направа денеска по електронска адреса доби едно основно училиште во Крива Паланка...

Упатена закана за поставена експлозивна направа денеска по електронска адреса доби едно основно училиште во Крива Паланка.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Утринава лажни дојави за бомби добија и три основни училишта во скопско. По полициските проверки се утврди дека се работи за лажни пријави.
