Пораст на вирусните инфекции кај децата
Докторите алармираат, пациенти со пост-ковид дијагнози ги полнат клиниките. Најчести се мозочните и срцевите удари, а кај децата се јавуваат респираторни проблеми. Лекарската фела со заклучок – вакцинираните возрасни, поминале со полесни симптоми на Ковид-19...

Комисијата за заразни болести ја разгледувала состојбата со растот на болни деца во земјава. Долгата изолација поради Корона вирусот е причина за полни ординации кај матичните лекари. Амбулантите во Козле имаат и по 200 прегледи на ден.
На Клиниката за кардиологија дневно се прегледуваат 400 пациенти. Ковид-19 и нездравите навики на живот придонеле пациенти со 25 – 30 години да имаат сериозни кардиоваскуларни заболувања.
Главоболки, вртоглавици, проблеми во когнитивното функционирање се полесните невролошки состојби предизвикани од Ковид-19.
Лекарите велат дека вакцинираните имаат полесна клиничка слика во текот на заразата, но и поблаги пост-ковид состојби.
Наташа Ј. Менковски
