Изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 12.586 MWh електрична енергија
Во Термоелектраните произведени се 4.546 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 8.040 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија...

АД ЕСМ на 01.12.2022 година произведе 12.586 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 4.546 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 8.040 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.
Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 01.12.2022 година, соопштуваат од владината прес-служба.
