Меѓународен ден на лицата со попреченост
На одбележувањето на Меѓународниот ден, најава за повеќе инвестиции кои треба да им го олеснат животот на лицата со попреченост. „Нема да бидете оставени сами“ порача премиерот Ковачевски...

Има позитивни придвижувања и промени, но сè уште остануваат многу отворени прашања и проблеми. На Меѓународниот ден, луѓето со попреченост побараа поголема финансиска поддршка за справување со кризата која го загрози нивниот стандард.
Народниот правобранител предупреди – државната има обврска да ги унапреди правата на лицата со попреченост.
„Проблемите со кои се соочуваат овие лица се системски и долготрајни, па државата треба попосветено да се заложи за остварување на правата на лицата со попреченост и за решавање на проблемите, заеднички со лицата со попреченост и нивните претставнички организации“, порака од Народниот правобранител.
Премиерот Ковачевски имаше средба со здруженијата и невладини организации. Им вети дека нема да бидат заборавени.
Економската и енергетската криза дополнително ја загрози состојбата на оваа ранлива група граѓани.
Марина Стојанова Тонева
