Македонија

Нови, лажни дојави за бомби во три основни училишта во скопско

02.12.2022 14:31

Нови дојави за бомби. Три основни училишта во скопско и едно во Крива Паланка добиле закани за поставени експлозивни направи на електронска адреса. Станува збор за лажни пријави. Осомничени има, случајот се истражува, напомош и странските служи...

Дојава за бомба пристигнала во основното училиште „Кочо Рацин“ во Петровец, но директорката имејлот го видела следниот ден. Во меѓувреме, учениците посетувале настава.

Откако дојави за бомби почнаа да пристигнуваат и во училишта од други градови, Крива Паланка, министерот Спасовски со најава дека наскоро сторителот ќе биде откриен. Вели, има осомничени, но сè уште се работи на расчистување на случајот. Појаснува дека дојавите најчесто доаѓаат преку заштитени адреси од странство, кои тешко се откриваат, па не може ефикасно да дејствуваат, ниту обвинителството, ниту полицијата. МВР е во контакт со Интерпол и служби од партнерски држави.

Спасовски рече дека треба да се размислува за обезбедување на училиштата, затоа што во Скопје само во едно училиште имало обезбедување и таму досега немало дојави за бомби.

Анита Димитријевска Велковска