Македонија

МОН: Недозволиво е насилство во училиштата

02.12.2022 15:23

Од МОН ја охрабруваат локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал.

Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство.

Од МОН ја охрабруваат локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова всушност е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција, велат од Министерството.

Осудуваме секакво насилство во и надвор од училиштата и во таа насока, заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации,  во континуитет работиме на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство- соопштуваат од МОН.