Таравари: Нема преговори за влез во Влада, ќе ги поддржиме уставните измени
Остануваме конструктивна опозиција, посочи в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој денеска пред партиската комисија ја поднесе кандидатурата за претседател во седиштето во Тетово. Без разлика дали сме дел од Владата, или надвор од неа, сè уште остануваме на ставот, дека ќе ги поддржиме уставните измени…

Нема преговори за влез во Влада, ако има ќе бидеме транспарентни и ќе излеземе во јавноста, вели в.д. претседателот Арбен Таравари. Тој пред партиската комисија поднесе кандидатура за претседател, кој ќе се бира на 17-ти декември на вонреден конгрес во Тетово. Нашите политики остануваат исти, додаде тој.
Ако има гума во владата, тоа е некој друг, не ние, одговори Таравари на информацијата од Алтернатива, дека Алијансата за Албанците ќе бидат резервна гума на ДУИ, ако станат дел од Владата.
Арбен Таравари беше единствениот кандидат кој ја достави кандидатурата за претседател на партијата, со поддршка од речиси сите ограноци.
Зоран Димовски
