Холандија ќе го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната
Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија сè уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум.

Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави Холандската радиодифузна корпорација.
Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија сè уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум.
Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по состанокот изјави дека сè уште е „прерано“ да се постигне согласност за пристапување на Бугарија. Според него, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.
