Агелер: Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот
Триесет-годишнина од соработката меѓу Американската агенција за помош УСАИД и Македонија. Американската агенција досега донирала над 840 милиони долари за проекти за развој на земјава. Американската амбасадорка, Анџела Прајс Агелер најави поддршка во борбата против корупцијата, за економски развој и просперитет за младите...

Триесет-годишнина од соработката меѓу Американската агенција за помош УСАИД и Македонија. Американската агенција досега донирала над 840 милиони долари за проекти за развој на земјава. Американската амбасадорка, Анџела Прајс Агелер најави поддршка во борбата против корупцијата, за економски развој и просперитет за младите.
Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, порача амбасадорката Агелер.
Таа нагласи дека во текот на изминатите три децении, односот со земјава еволуираше во стратешко партнерство и сојуз и сега, вели, работиме заедно како рамноправни партнери и пријатели, за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.
Според американската амбасадорка намалувањето на корупцијата е важно, затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува земјата да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла.
Горди сме што бевме ваш партнер во изминативе 30 години, рече Агелер, во кои бевме сведоци на значителни промени во овој период, но, подвлече, пред вас има уште многу предизвици.
