Груевски: Вечерва да прославиме, утре на работа

28.04.2014 01:16

Добивме двојна победа и доверба, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашната прес конференција. 
 
На овие избори победи Македонија и концептот на неуморно работење. Имавме ефективен изборен ден без инциденти на кој можеме да бидат горди сите граѓани, рече Груевски. 
 
„Нашиот кандидат Иванов доби над 500.000 гласа или со разлика од над 130.000 од противкандидатот Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освои над 450.000 гласа со повеќе од 180.000 гласови во однос на опозицијата. Со 92 % од обработените гласови имаме освоено 61-62 пратеника. Ова е голема победа и недвосмислена доверба и јасно изразена воља на народот“, рече Груевски.
 
Нагласи - вечерва треба да се прославува, а од утре продолжува работата...