Вучиќ: Следните денови ќе решиме за Самитот во Тирана
Откако настапи со остар речник, бесен на Европската унија и дециден дека Србија нема да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан на 6-ти декември во Тирана, српскиот претседател Вучиќ омекна во ставовите...

Откако настапи со остар речник, бесен на Европската унија и дециден дека Србија нема да учествува на самитот на ЕУ и Западен Балкан на 6-ти декември во Тирана, српскиот претседател Вучиќ омекна во ставовите.
По средбата со еврокомесарот Вархеји, тој рече дека сепак ќе размислат дали ќе учествуваат на настанот. Вучиќ рече дека го запознал еврокомесарот со српското видување на ситуацијата на Косово и Метохија.
Во меѓувреме, албанската полиција и одговори на опозицијата дека на 6-ти декември може да одржи протест на плоштадот „Скендербег“. Албанската државна полиција ги презентираше мерките за непречено одржување на редот и безбедноста, за време на Самитот во Тирана.
