Руско-украински конфликт

Украина ќе биде слободна, порача Зеленски

03.12.2022 10:24

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека повеќе од 1.300 украинци се ослободени од руско заробеништво од 24-ти февруари, кога започна војната...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека повеќе од 1.300 украинци се ослободени од руско заробеништво од 24-ти февруари, кога започна војната. Во видео-обраќање рече дека уште 50 украинци биле донесени дома од руско заробеништво, со ветување дека ќе ги вратат сите други.

Истакна дека на состанок на Советот за национална безбедност и одбрана се дискутирало дека сите тела одговорни за националната безбедност, мора да ги интензивираат мерките за идентификување и сузбивање на активности на руските специјални служби.