Русија

Путин: Неопходни се удари врз енергетската инфраструктура на Украина

03.12.2022 10:37

Шефот на Кремљ, во разговор со германскиот кацелар, побарал да се преиспита германската политика во врска со Украина...

Рускиот претседател Путин му рекол на германскиот канцелар Шолц дека масовните напади на Русија врз енергетската инфраструктура на Украина се неопходни и неизбежни, како одговор на „провокациите на Киев“ против цивилната инфраструктура во Русија. Шефот на Кремљ, во разговор со германскиот кацелар, побарал да се преиспита германската политика во врска со Украина. 

Шолц, пак, побарал од Путин да ги повлече своите војници од Украина за да се постигне „дипломатско решение“.