Нема запирање за Сан Антонио и за Индијана
Продолжи победничкиот чекор на Сан Антонио и на Индијана во НБА лигата. Водечките екипи во двете конференции во ноќешните натпревари го искористија домашниот паркет. Сан Антонио против Њу Орлеанс со 112-93, а Индијана против Минесота со 98-84, за идентичен ефект – тринаесет победи и само еден пораз. Добро се држи и Портланд кој е втор на западот со биланс 13-2. „Блејзерс“ синоќа се радуваа против очајниот Њујорк со 102-91. Њујорк е во лоша серија со само три триумфи во досегашниот дел од професионалната кошаркарската конкуренција.

Продолжи победничкиот чекор на Сан Антонио и на Индијана во НБА лигата. Водечките екипи во двете конференции во ноќешните натпревари го искористија домашниот паркет. Сан Антонио против Њу Орлеанс со 112-93, а Индијана против Минесота со 98-84, за идентичен ефект – тринаесет победи и само еден пораз. Добро се држи и Портланд кој е втор на западот со биланс 13-2. „Блејзерс“ синоќа се радуваа против очајниот Њујорк со 102-91. Њујорк е во лоша серија со само три триумфи во досегашниот дел од професионалната кошаркарската конкуренција. Шампионот Мајами беше подобар од Хјустон со 107-92 и се израдува на единаесеттата победа сезонава. Тоа остварување е доволно за втората позиција на истокот
***
НБА лига, резултати:
Сан Антонио - Њу Орлеанс 112-93
Индијана – Минесота 98-84
Портланд – Њујорк 102-91
Јута – Чикаго 89-83 (продолжување)
Далас – Денвер 96-110
Мемфис – Хјустон 86-93
Мајами – Феникс 107-92
Детроит – Милвоки 113-94
Чикаго – Бостон 86-96
