Житата добро се развиваат
28.04.2014 09:49
Променливото и врнежливо време им погодуваат на есенските посеви. Земјоделците очекуваат добра година и високи приноси на житните култури

Временските услови им погодуваат на есенските култури.
Од пченицата која е насеана на површина на скоро 95.000 хектари , приближно на минатогодишното ниво се очекува подобар квалитет на родот.
Агрономите сметаат дека и приносот ќе биде поголем во подрачјата со врнежи кои се најпотребни до крајот на мај.
Проценката е дека би се ожнеале од 2,7 до 3 тони по хектар.
Особено во реоните каде што немало штети од временските услови, иако во Пелагонија некаде има полегнување на житните култури.
Од пролетната сеидба и сончогледот и пченката исто така добро се развиваат.
