Македонија

Ковачевски: Со Буџетот за 2023 година обезбедуваме стабилност и понатамошен економски раст

03.12.2022 13:06

Премиерот Ковачевски и министерот за финансии Бесими, го презентираа Буџетот за 2023-та. Велат дека е развоен, а капиталните инвестиции ќе бидат носител на растот. Ковачевски најави транспарентност и отчетност во трошењето на државната каса...

Премиерот Ковачевски и министерот за финансии Бесими, го презентираа Буџетот за 2023-та. Велат дека е развоен, а капиталните инвестиции ќе бидат носител на растот. Ковачевски најави транспарентност и отчетност во трошењето на државната каса.

ЕСМ за 26 насто го зголемило производството на струја, споредбено со лани. 250 милиони евра се одвоени за помош на најранливите категории граѓани, ќе има зголемување на пензиите, блок дотации за општините, повисоки плати за просветарите. Економијата ја заштитивме, интенцијата е како да одиме кон подобро, вели Ковачевски.

„Стабилниот економски раст следната година ќе се обезбеди преку одржување на макроекономската стабилност и понатамошна фискална консолидација како и преку капиталните инвестиции. Во услови на криза носители на економскиот раст ќе бидат капиталните инвестиции кои на среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии. Бидејќи овој буџет е позициониран како развоен буџет, за 2023 се проектирани 52,3% повеќе капитални расходи во однос на 2022“, рече Ковачевски.