Прилеп

Се работи на инклузивноста на лицата со попреченост, но свесноста на заедницата не е на задоволително ниво

03.12.2022 13:18

Денеска е Меѓународниот ден за лицата со посебни потреби. Прилепските искуства говорат дека се работи на нивната инклузивност, но сè уште не е подигнато нивото на свесност на заедницата. Недостасуваат права, образовни асистенти и повеќе емпатија...

Душица Тошеска е мајка на 15-годишната Тереза од деветто одделение, во прилепското училиште „Климент Охридски“ и Центар со поддршка во учењето. За децата со посебни потреби грижата е секојдневна, голема, а поддршката е бесценета. Ама, прифаќањето има пречки во развојот, иако го почнавме процесот на инклузија.

Законските измени отворија простор за индивидуалните третмани на децата со посебни потреби. Во зародиш, уште е градењето односи и повисока свест. Недостасуваат образовните асистенти.

Секојдневната грижа, а не годишната, создава прифаќање на еднаквоста во општеството.

Во земјава 10 насто или 200.000 жители се лица со инвалидитет.

Елизабета Митреска