Русија
Едвард Сноуден доби руски пасош
03.12.2022 13:57
Сноуден уште во септември, годинава, доби руско државјанство, со декрет потпишан од рускиот претседател Путин...

„Свиркачот“ Едвард Сноуден доби руски пасош, откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013 година. Тој уште во септември, годинава., доби руско државјанство, со декрет потпишан од рускиот претседател Путин.
Информацијата ја потврди и неговиот адвокат Анатолиј Кучерена, додавајќи дека Сноуден е среќен, бидејќи неговото руско државјанство ја спречува неговата екстрадиција.
