Мицкоски: Дефокус на јавноста поради владините грабежи
Пред и да почне, евтиното општинско задолжување, запрено е од Владата, тврди Мицкоски. Побара инвестирање наместо социјални пакети. Претставен нов концепт на проекти во четвртата власт...

„Не е нормално да се фалите со проекти кои и понатаму ќе стимулираат сиромаштија“, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени проектираниот владин буџет за наредната година. Нема потреба за спектакуларни најави за помош на социјално ранливите категории, кога тоа секако е обврска на Владата, коментира Мицковски. Наместо да се поттикнат вложувањата во науката, здравството, во образованието, Буџетот со лошата економска политика и неостварените реформи го демотивира бизнис секторот, вели Мицкоски. Тој смета дека Владата намерно ги блокира и проектите на општините, каде што градоначалниците се од опозицијата. Општинската обврзница, вели, ги помина сите бирократски постапки.
Коментирајќи го последниот случај во Арачиново, Мицкоски го обвини министерот за внатрешни работи дека ги заштитува криминалците кои сите ги познаваат. Најави дека во претстојниот период ќе се разгледа можноста за отповикување на Спасовски.
За ставот на премиерот Ковачевски околу преговарањето со европските претставници за уставните измени, Мицкоски оцени „уште еден потег на власта за одвлекување на вниманието на јавноста“.
Марина Стојанова Тонева
