ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 61 пратеник, СДСМ- 34, ДУИ- 19, ДПА- 7, ГРОМ и НДП по 1
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 480.588 (42,18%) гласови, додека СДСМ има освоено 283.869 (24,91%) гласови...

Според последните податоци од интернет страницата на Државната изборна комисија, од процесирани 99,91%, односно 3.511 избирачки места од 3.514, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ има освоено вкупно 480.588 (42,18%) гласови, додека СДСМ има освоено 283.869 (24,91%) гласови.
Според овие засега нецелосни податоци, позната е и неофицијалната симулација на пратеничките мандати, според која ВМОРО-ДПМНЕ и коалицијата има 61 мандат, СДСМ и коалицијата има 34, ДУИ-19, ДПА-7, ГРОМ-1, НДП-1. Бидејќи станува збор за неофицијална симулација според досега нецелосно обработените податоци, можна е промена на овие податоци.
На предвремените парламентарни избори излезеноста е 64 % од вкупно запишаните 1.780.128 избирачи. Неважечки се 37.586 ливчиња.
До овој момент, според податоците на интернет страницата на ДИК, од процесирани 99,91% од гласачките места, односно 3.509 од вкупно 3.512, за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов гласале 534.153(55,25%) гласачи, а за Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, 398.008 (41,17%).
Илзезеноста во вториот круг на претедателските избори е 54,33% од вкупно запишаните гласачи.
