Буџетот за 2023-та е развоен, тврди Ковачевски
Кусокот средства за заштитата на човековата околина предизвикан од енергетската криза. Финансиските импликации намалени од 100 на 70 милиони евра. Во екот на собраниската дебата, Ковачевски и Бесими, објаснуваа дел од предлог-буџетот...

Буџетот за 2023-та година треба да обезбеди економски раст, средства за справување со последиците од кризата и поддршка на најранливите граѓани, изјави Ковачевски. Премиерот посочи, за антикризни мерки во буџетот се проектирани 250 милиони евра. Ковачевски укажа за можноста за воведување нов данок на екстра профит за фирмите.
Министерот Бесими, посочи дека за над 4.000 луксузни производи стапката на ДДВ се зголемува од 5 на 10 насто. Нагласи и дека трошоците за патни трошоци, мебел, и возила се значително скратени.
Ресорниот министер додаде дека во државната каса за идната година се обезбедени пари за покачување на минималната плата, како и на платите во образованието. За повисоки пензии се издвоени дополнителни 120 милиони евра.
Игор Панов
