ЕУ и Г-7 ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел
Според Европската комисија, ценовното ограничување „овозможува непречена транзиција“ и нема да важи за нафта купена над горната граница, која е натоварена на бродови пред 5-ти декември и истоварени пред 19-ти јануари 2023 година...

Земјите од Г7, членките на ЕУ и Австралија се договорија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел. Ќе важи од утре.
Според Европската комисија, ценовното ограничување „овозможува непречена транзиција“ и нема да важи за нафта купена над горната граница, која е натоварена на бродови пред 5-ти декември и истоварени пред 19-ти јануари 2023 година.
Ограничувањето на цената ќе им овозможи на европските оператори да транспортираат руска нафта во трети земји, под услов нејзината цена да остане строго под лимитот. Русија претходно најави дека нема да обезбедува енергија на земјите кои воведуваат ценовни ограничувања и дека е решена да работи само под пазарни услови.
