Русија
Путин ќе го посети Донбас во догледно време, најави Кремљ
04.12.2022 10:31
Русија на 5-ти октомври прогласи четири украински региони за руска територија, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон...

Портпаролот на претседателот на Русија, Песков изјави дека во догледно време Путин ќе го посети Донбас, наведувајќи дека тоа е регион на руската федерација.
Русија на 5-ти октомври прогласи четири украински региони за руска територија. Регионите кои Путин ги прогласи за руски се: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Во меѓувреме пак, украинската војска го ослободи Херсон.
