Србија

Дачиќ: Вучиќ ќе одлучи дали ќе оди или не во Тирана

04.12.2022 11:27

Вучиќ изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе одлучи дали ќе оди на самитот на европската унија и Западен Балкан на 6 декември во Тирана, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Вучиќ изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Пред тоа рече дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.