Свет
Талибанците убија тројца полицајци во Пакистан
04.12.2022 12:59
Екстремистичката група сака да ја собори пакистанската влада и да ја замени со систем на управување што се согласува со нивното строго толкување на исламскиот закон...

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за вооружениот напад, во кој загинаа тројца полицајци на северот на земјата. Тоа е втор напад само неколку дена по објавувањето прекин на примирјето со владата.
Екстремистичката група сака да ја собори пакистанската влада и да ја замени со систем на управување што се согласува со нивното строго толкување на исламскиот закон.
